Општините од истокот рекордери во искористување на европските пари

Реконструкции на домови за култура, делови од болници, изградба на речни корита се дел од  17-те проекти, коишто македонските и бугарските општини ќе ги реализираат со европски пари. 80 отосто од проектите преку Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија се инфраструктурни проекти, а 20 отсто се меки проекти. Општините од истокот, југоистокот и свериоистокот, коишто граничат со општините од соседна Бугарија се рекордери во искористување на европските пари, со реализација на 99 отсто од оваа програма, за разлика од општините, коишто граничат со соседна Грција.

„Меѓутоа ова е за жал програма којшто има најмал обем на буџети за разлика од програмата со Република Грција, каде што буџетите се повеќе од 700.000 или 800.000 евра. Овде од оваа програма максимален буџет е 500.000 евра, коишто се однесуваат за проекти од областа на туризмот, 400.000 евра од областа на енергетската ефикасност. Тоа значи дека значително помалку средства добиаме за имплементација на проекти. Но, тоа се критериуми на Европската унија“, вели Драгица Здравева директор на Центар за развој на ИПР.

Македонските институции и општини се критикувани дека не се доволно обучени за подготовка на проекти, со коишто можат да конкуририраат до европските фондови. Најчесто камен на сопнување им е некомплетна техничка документација. Но, првиот човек на Програмата за меѓугранична соработка Северна Македонија и Бугарија денеска ги пофали општините, институциите и невладините од штипскиот, струмичкиот и кумановскиот регион.

„Впечатокот од општините и организациите на источниот, југоисточниот и североисточниот регион е дека со проектите се справуваат многу добро. Има голем интерес кон нашата програма. По првиот повик имавме 217 проекти, а по вториот повик имаме 165 проекти. Што е една добра бројка и покажува голем интерес, знаење и умеење за спремање на проектната документација“, вели Николај Дончев раководител на Програмата за меѓугранична соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

Преку оваа програма ќе влезат над пет милиони евра, европски пари во трите плански региони во земјава и Бугарија. Најпозитивен пример за искористување на средствата од оваа програма е Струмица, којашто има посебно одделение за европски проекти. 

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ