Општините и граѓанските организации без капацитет за користење на фондовите на ЕУ

Граѓанските организации и општините немаат доволно капацитет за менаџирање со средства од фондовите на Европската унија, оценуваат експертите кои низ годините вршеа истражување на терен, но и реализираат проекти со европски пари.

На општините им недостасува институционална меморија и мотивација на вработените, кои покрај редовните обврски мора да пишуваат и имплементираат проекти, додека за невладините проблем е вмрежувањето и мал број на човечки ресурси.

Градоначалниците на големите општини сметаат дека имаат човечки ресурси, но проблем според нив се помалите општини.

Шарковски забележува дека и поголем дел од државните институции неможат да се носат со големите европски проекти, негативното искуство го гледа во менаџирањето на Фондот за социјална инклузија.

Експертите и невладини алармираат дека е време да се почне со обуките на администрацијата или општините по примерот на Струмица да формираат посебно одделение за реализација на европски проекти.

Инаку средствата ќе стојат на располагање, но ќе нема кој да ги искористи.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ