Општина Битола им го одзеде „Копанки“ на планинарите

Планинарско спортскиот клуб „Пелистер“  ќе го обжали решението на Општина Битола за одземање на сопственоста на планинарскиот дом „Копанки“ кој до темел изгоре пред 6 години. Локалната власт одлучи решението со кое е легализиран домот во 2015 година, делумно да го поништи во делот каде Здружението „Пелистер“ е впишано како сопственик на „Копанки“ и да го врати на државата, а потоа општината да побара да стопанисува со него. Но, од ПСК „Пелистер“ не се соглауваат со ваквата одлука на локалната власт.

-Ќе поднесеме жалба до надлежните институции и се надеваме дека жалбата ќе наиде на разумно решение на Министерството за транспорт и врски, а ако дојде до судски епилог ќе се надеваме на судака правда, рече Диме Попов, претседател на ПСК „Пелистер„

За новонастанатат сосотојба со  Копанки реагираа и од ВМРО-ДПМНЕ, од каде ја обвинија актуелната локлна власт дека како опозиција учествувала во одлуките на општинскиот Совет за легализација и утврдување на сопственост на планианрскиот дом.

-Дали крајната цел е приграбувањ на Копанки од страна на лице кое близок роднина на висок функционер од локалната власт. Битолачни ги знаат одгворите на сите овие прашања, вели Иванчо Тошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Од локалната влас велат  тие никогаш не гласале за приватизација на Копанки затоа што Советот нема таква надлежност.

-Копанки во овој момент е приватизран, ние немаме намера да го приватизираме. Ние имаме намера брзо да го изградиме и да остане планинарски дом. Имаме намера веднаш по завршување на постапката да го побараме од државата и да биде општински имот и имаме намера цените во него да бидат пристојни и достапни за сите граѓани,  изјави Валенти Груевски, претседател  на Советот на  Општина Битола.

Обнова на Копанки вети поранешната локална власт, но не се случи. Потоа и градоначалничката Наташа Петровска обновата ја запиша во својата предизборна програма,  а лани побара од ПСК „Пелистер“  да  ја отстапи сопственоста на Општината,  која се обврза дека ќе вложи 100 илјади евра за реконструкција на домот. Но здружението не ја прифати понудата,  па ја отпочна реконструкцијата со донации од поединци и фирми, која поради недостиг на средства бавно  се одвива.

Емилија Мисирлиевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ