Олеснети услови за државна парична помош на фирмите

Се олеснуваат условите и се проширува опсегот на фирми кои можат да добијат финансиска поддршка од државата. Отсега барање за државни субвенции ќе можат да поднесат и компании од ИТ секторот, од преработувачката индустрија во земјоделството што не се опфатени со ИПАРД, како и трговски и градежни фирми, што сакаат да почнат производствена активност.

Еден од олеснетите услови е и дека за да добијат помош фирмите можеле да имаат дури и намалување на бројот на вработените за пет отсто, но според вицепремиерот, тоа е само заради фактот што одделни работници си заминуваат и компаниите не можат да најдат стручен кадар, но и заради автоматизирањето на процесот на работа со новата технологија.

Средства однапред никој нема да добива, туку само врз основа на реализирано. Измените се донесени, правилниците се потпишани и треба утре да се објават во Службен весник, а компаниите може да поднесуваат барање од понеделник.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ