ОЈО отвори предмет за тендерот за реагенси во министерство за здравство

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поведе предистражна постапка по допрен глас, заради постоење на индиции за повреда на законот при постапките на доделување договори за јавни набавки во Министерството за здравство.

Како што се наведува во соопштението од ОЈО, предистражната постапка е резултат на објавените написи од страна на повеќе медиуми во Република Македонија во врска со неправилностите при спроведување на постапките за јавни набавки во Министерството за здравство. Предметот се однесува на постапката за јавна набавка за биореагенси и тестови на крв во износ од 35 милиони евра и за набавка на лекови од веледрогерија за потребите на јавните здравствени установи без тендерска постапка во износ од 24,6 милиони денари.

ОЈО, како што се посочува, ги презема сите потребни дејствија и координација со институциите надлежни за откривање на овој вид кривични дела.​

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ