ОИ ВО ТОКИО ОД 23.07 ДО 07.08.2021

Според јапонските медиуми, домаќините веќе го одредиле новиот датум за почеток на  Олимписките Игри и тоа  од 23. јули до  7. август 2021. Се очекува во текот на следната седмица да дојде до нов состанок меѓу првиот човек на ИОК, Томас Бах, и претставниците на јапонската влада, по што и официјално  се очекува 23 јули да биде потврден како термин за почеток на Олимписките Игри во Токио.

Јапонскиот премиер Шинзо Абе  изјави дека сите држави ќе треба да го справат новиот коронавирус пред Олимписките игри во 2021 година.Говорејќи на прес-конференција во Токио, Абе ја истакна потребата да се развијат третмани и вакцина што е можно поскоро.Премиерот на Јапонија ги демантираше шпекулациите дека властите во земјата  известувале  за  помалку инфекции и спроведувале  помалку тестови за вирусот отколку што е потребно.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ