Охрид ќе прогласи мораториум, Струга молчи

Охрид прифаќа, Струга молчи дали ќе го прифатот мораториумот за градба кој владата по синоќешната седница го побара од општините долж охридското крајбрежје. Во препораката од владата се бара од општините да прогласат мораториум се до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство. Општините треба да ги засукаат ракавите, и за 10 дена да изготвар акциски план.

„ Владата им препорачува на општините Охрид и Струга, во рок од 10 дена да изготват акциски план со роковник за спроведување на препораките на УНЕСКО за обврски од надлежност на општините и во рок од два дена по усвојување на акциските планови од страна на советите на општините, да ги информираат Министерството за транспорт и врски, Министерството за култура и Министерството за животна средина и просторно планирање.“

Кризата меѓу Охрид и УНЕСКО која дојде од заканата градот да го загуби статусот на заштитено подрачје, требаше да се реши со нов закон за управување со природното и културното наследство кој го предложи и изработи министерството за култура, а владата синоќа одлучи да го повлече. Што ќе менува во него, оттаму нема детали иако критиките од познавачите беа дека новото тело совет од 15 членови не може да работи со архитект без право на глас, но и да се гласа со бадинтер за експертски прашања.

Трите одлуки на владата доѓаат доцна, велат од  еколошоките здруженија кој откриваат дека кога тие барале мораториум наделжните им велеле дека е против законски .

Додека Охрид е согласен да соработува со владата, градоначалникот на општина Струга кој не одговара на денешните повици пред 5 дена побара од прмеирот владата да ги превземе надлежнсотите околу урбанизмот во Струга, бидејќи тој и општината добивале закани.

Но, затоа Рамиз Мерко без притоск и закани му гостуваше на својот општински коелга советникот Усеини од Охрид кога тој отвори ресотран лепенка до најстарото дрво во градот –  охридскиот чинар.

Додека налвдинтие укажуваат дека охридското крајбрежје се соочува со десетина илајди дивоградби, инспекциските служби во Охрид кај 1.076 предмети констатираа нелегална градба, од кои 409 во заштитен појас, а справувањет осо нив е една од 19 препораки на УНЕСКО за продлжување на 38 –гдишната соработка.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ