Ограбена НЛБ Банка во Чаир

Вооружени лица утрово извршило разбојништво во  „НЛБ банка“ на ул.„Ферид Бајрам“ во скопската населба Чаир, при што се одземени засега непозната сума пари.

Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат, при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени.

Од страна на разбојниците физички е повредено едно лице, 26-годишниот Е.Е, кој е вработен како обезбедување во банката.

Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ