Официјално пуштен автопатот Штип-Свети Николе-Миладиновци

Официјално пуштена единствената автопатска делница, Штип-Свети Николе-Миладиновци, долга 47 километри, а за речиси половина милион жители од истокот и југоистокот побезедно патување, но и  побрз транспорт на нивните производи. На официјалното пуштење кај хотелот Овче Поле, каде што над четири години беа сместени инжињерите на кинески Синохидро присуствуваа речиси целиот државен врв и амбасадорката на Република Кина.

Изградбата на автопатот започна во мај 2014 година и неговата изградба траеше 4 години и 8 месеци. На Овој автопат чие отварање беше пролонгирано неколку пати работеа  350 градежни машини и 850 лица од кои 55 експерти од Кина.

За две години во државата се изградени 480 километри патишта за што се инвестирани 530 милиони евра. За наредниот период се планирани да се инвестирата дополнителни 850 милиони.

Последна вест е дека Македонија од Европа ќе добие грант од 40 милиони кои ќе бидат искористени за изградба на автопатот.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ