ОФИЦИЈАЛНО: Баерн Минхен го договори првото големо засилување

Најдобрите фудбалери во Бундеслигата традиционално завршуваат во дресот на Баерн Минхен. Актуелниот германски шампион денеска се пофали со своето најново засилување.

Бенжамин Павар на 1 јули 2019 година ќе му се приклучи на Баерн Минхен. Францускиот репрезентативец се согласил на трансфер, што ќе се комплетира по завршувањето на оваа сезона. Десниот бек на Штутгарт играше фантастично за време на Светското Првенство во Русија и беше незаменлив дел од првиот тим на селекторот Дидие Дешамп. „Триколорите“ го освоија пехарот, а голот на Павар против Аргентина во осминафиналето беше прогласен за најдобар гол на турнирот.

Штутгарт ќе инкасира 35 милиони евра од продажбата на Павар на крајот од сезоната, а фудбалерот со „баварците“ потпишал петгодишен договор.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ