ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА НА МИЛЕВСКИ ЗА СЕЛЕКТОР НА МЛАДИНЦИТЕ

БЛАГОЈА МИЛЕВСКИ, ФУДБАЛСКИОТ  СТРАТЕГ  КОЈ СО МЛАДИНЦИТЕ СТИГНА ДО ПЛАСМАН НА ЕП ВО 2017 ГОДИНА,ПО ВТОР ПАТ ВО КАРИЕРАТА  Е ПРОМОВИРАН ВО СЕЛЕКТОР НА НАШАТА ФУДБАЛСКА  РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ЗА ИГРАЧИ ДО  21 ГОДИНА. ПРЕД  ДЕНЕШНАТА ОФИЦИЈАЛНА ПРОМОЦИЈА, МИЛЕВСКИ И ФФМ МИНАТА СЕДМИЦА ПОТПИШАА ДВЕГОДИШЕН ДОГОВОР

 

Ми претставува чест и задоволство што ФФМ изрази желба да соработуваме повторно. Се надевам дека ќе имаме успешна соработка во иднина. Се наоѓаме пред предизвик, Имаме тешка група во која Шпанија е фаворит, но група во која ќе се надигруваме со сите ривали.Професионалноста пред се ќе ја одликува оваа селекција, тие што ќе се прилагодат на тој начин ќе бидат дел од тимот. Имавме селективен камп во Анталија, одигравме три меча и сите добија подеднакво шанса. Задоволен сум од тоа што го видов, без оглед на резултатите, задоволен сум како игравме.Целта е пласман на Европско првенство. Тоа не значи дека на фудбалерите ќе им наметнеме притисок дека мора да се пласираат на ЕП. Ние не сме Шпанија, Бразил или Германија. Мора да направиме сѐ ако ни се укаже шанса. Комплексот од пониска вредност е зад нас, а тоа е поткрепено и кога ќе ја видам А-селекцијата во која шест играчи се првотимци од оваа селекција и уште тројца се меѓу 18 во составот, изјави  Милевски на денешната промоција во просториите на ФФМ .

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ