ОДЛОЖЕНО ДЕРБИТО ПЕЛИСТЕР-ВАРДАР

По барање на актуелниот шампион Вардар,вечното дерби во македонскиот фудбал меѓу екипите на Пелистер и Вардар што беше предвидено да се игра в четврток е одложено.Вардар посочи дека има голем број репрезентативци кои деновиве настапуваат на меѓународна сцена и нема да бидат бидат навреме во функција на клубот за пресметката во Битола.Другите четири натпревари од 25.коло во ПМФЛ се закажани за четврток (29 март) од 15 часот.Двојките се:
Силекс–Победа,Работнички–Академија Пандев,Скопје–Шкендија и Ренова – Шкупи.На табелата водечка е Шкендија со 62 бода,Вардар има 46.Трет е Силекс со 36 бодови.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ