Одложени Олимписките игри во Токио

Олимписките игри во Токио дефинитивно ќе бидат одложени за најмногу една година и тие ќе се одржат следното лето.

Поради епидемијата со Ковид 19, Интернационалниот олимписки комитет денеска и официјално го одложи стартот на Летните игри, а одлуката е донесена по телефеонскиот разговор меѓу претседателот Томас Бах и јапонскиот премиер Шинзо Абе.

Ова прв пат од стартот на модерните Олимписки игри во 1896 година најголемото спортско натпреварување да биде одложено. Претходноо во 124 годишната историја три Олимпијади беа откажани поради Првата и Втората светска во војна во 1916, 1940 кога домаќин требаше да биде токму Токио и во 1944 година.

Според соопштението на Интернационалниот олимписки комитет предлогот да одложување на Игрите го дал премиерот Абе, а Бах без размислување го прифатил. Јапонија за организација на Игрите инвестираше 12 милијарди долари и ќе се бара начин како најбезболно да се избегнат негативните финансиски ефекти.

Пред да се донесе оваа одлука притисокот за промена на терминот направија неколку национални олимписки комитет, а Велика Британија, САД, Канада и Австралија најавија дека немаат намера своите спортисти да ги испраќаат во Токио доколку Игрите се одржат во предвидениот термин.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ