ОДЛОЖЕНИ НАТПРЕВАРИТЕ НА ВАРДАР КАКО И СОБИРОТ НА СЕНИОРКИТЕ

Поради ситуацијата со корона вирусот,ЕХФ и СЕХА ги суспендираа натпреварувањата.Вардар нема да игра против Нексе и ПИК Сегед.На денешната прес конференција,клубот од Скопје ги потврди најавите и следните два натпревари се одложени на неодредено време.Во недела,Вардар требаше да се игра реванш средбата од четврт-финалето на СЕХА  лигата со НЕКСЕ, а на 22 март како домаќин на првиот осминафинален дуел со ПИК Сегед.

Натпреварите се одложени на неодредено време и наскоро од канцеларијата на СЕХА би требало да информираат за следните чекори.

Денеска известување до јавноста испратијаи одканцеларијата на РФМ

Почитувани,

Ве известуваме дека согласно Одлуката донесена од страна на Влада на РСМ по последните препораки и забрани од страна на Министерството за здравство за превенција од вирусот COVID – 19, како и препораките на Светската здравствена организација за заштита на здравјето и безбедноста, Европската Ракометна Федерација и Раководството на Ракометната федерација на Македонија донесоа одлука за одложување на претстојните национални квалификациски натпревари.

Согласно горенаведеното Ве известуваме дека собирот на женската сениорска ракометна репрезентација, во рамки на ЕХФ неделата во период од  16ти – 29ти Март 2020 година, се одложува како и претстојните квалификациски натпревари со репрезентацијата на Португалија.

Со почит,

Ракометна Федерација на Македонија

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ