Одбрана не го дава центарот за обука на пилоти на шведскиот партнер за хеликоптерска итна помош

Центарот за обука на пилоти е формациски дел на армијата и не може да биде префрлен на приватен партнер за потребите на итната медицинска хеликоптерска помош. Министерката Шекеринска вели дека и покрај инсистирањето на владините седници кога се расправало за Сар и Хемс, таа идеја фаворизирана од физибилити студијата е одбиена и центарот ќе остане во АРМ.  

Партнерот од Свидиш хеликоптер консорциум од Шведска предводен од Саша Ѓаковиќ во првиот контакт со јавноста во државата ги опиша објектите на центарот како погодни за новата хеликоптерска цивилна единица.

Годишно трошоците за проектот изнесуваат 9 милиони евра стои во физибилити студијата. Но се уште не е кажано како приватниот партнер од Шведска со нова скопска човек-фирма ќе ги собира парите. На владата според сознанијата на Телма имало обид да се протурка идеја за наплата на минимални суми за секој  странец кој ќе доаѓа или минува низ Македонија, но тоа било отфрлено. Во физибилити стои дека пари ќе се добиваат од европски фондови, осигурителни компании во Европа, процент од патарини, исплати од воздухопловната ИКАО и од патници во авионскиот превоз. Но не е соопштен вистинскиот метод за прибирање пари.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ