Одбојкарките на Србија се искачија на светскиот трон

Србија е нов светски првак за првпат во својата историја откако во финалето ја совлада Италија во маратониот со 3:2 на женскиот планетарен одбојкарски собир што се одржуваше во Јапонија.

Србија двапати се враќаше од негатива и со пресврт стигна до неверојатниот успех покажувајќи ја својата класа обединувајќи ги титулите по освојувањето на Европското првенство во 2017 година. Одбојкарката на Србија Тијана Бошковиќ ја освои наградата за најдобар играч на мундијалот.

Во утешното финале за третото место, Кина се закити со бронзата по триумфот над Холандија од 3:0.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ