Одбојкарите сакаат победи против Летонија и Косово

Македонската одобјкарска репрезентација во досегашниот тек од Сребрената европска лига има скор од една победа и три порази. Овој ефект нашите одбојкари ќе се обидат да го поправат на двата последни натпревари од групата А со Летонија и Косово, што ги играме во Скопје во недела и во среда.

„Почувствувавме дека од натпревар во натпревар играме се подобро и подобро. Се враќаме во форма и ме радува што се вратија и неколку играчи кои беа повредени изминатиот период. Јас лично не би сакал да ја завршиме групната фаза со скор од 2 победи и 4 порази. Сакаме две победи, па и против Летонија, која е квалитетна репрезентација и што подобро да се претставиме пред домашната публика. Ова сигурно ќе биде многу значајно и за завршниот турнир, кој исто така го играме во Скопје“, изјави капитенот Никола Ѓоргиев.

Македонија нема преголем резултатски императив во групната фаза од Сребрената европска лига, бидејќи има загарантирано учество на завршниот турнир како домаќин. Завршницата ќе биде во салата „Кале“ во Скопје на 15 и 16 јуни.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ