ОДБОЈКАРИТЕ НА МЕГДАН СО СЛОВЕНИЈА

Македонската одбојкарска репрезентација  има теоретски шанси за место меѓу шеснаесетте селекции во нокаут-фазата.После  триумфот над Белорусија, што беше прв, историски во дебито  на Европските првенства, нашите одбојкари  и покрај  трите порази во првите три меча од разигрувањето во групата,се надеваат на среќно сценарио. Најдобрата комбинација е триумф над  фаворитот Словенија,но сепак и во тој случај и во варијанта на пораз во пет сета со што повеќе  освоени поени , ќе биде потребно треба да се сочекаат исходите од натпреварите на нашите конкуренти, Финска, Турција и Белорусија.Турција и Белориусја играат вечерва од 20.30,а Финска утре ќе се сртетне со Турција.

Нашиот денешен противник,Словенија која е ко-домаќин на првенството има амбиции за медал, и за нив ќе биде важно  првото место во групата за кое ќе се бори со Русија па мечот со Македонија го гледаат како попатна станица за утрешното дерби со актуелнит шампион.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ