Обвинителството бара Заев да биде осуден, но го смени делото во поблаго

Обвинителството бара Заев да биде осуден, но го смени делото во поблаго. Наместо за примање поткуп за што е предвидено најмалку 5 години затвор, обвинителката Валентина Бислимовска, во завршниот збор побара судот да го осуди за барање поткуп за што се предвидени најмногу 5 години затвор.

Образложението беше дека Заев не примил пари и затоа не може да одговара за делото кое го товареа нејзините колеги пред да го преземе предметот од пред неколку месеци. Со тоа законски ги елимираше и снимките од градоначалничкиот кабинет на Заев и тие не можат да се користатат како доказ – бидејќи за тоа дело посебни истражни мерки не се предвидени.

Одбраната побараа ослободителна пресуда. Адвокатот Филип Медарски во завршниот збор аргументираше и дека струмичкиот бизнисмен Иван Николов дал неколку различни и контрадикторни изјави, дека не е сведок, туку агент провокатор, кој го наведувал Заев што да каже во договор со МВР и обивнителството – нешто што тоа е забрането и во македонските закони, но и според судот во Стразбур.

Јавноста не ги виде целосните снимки за „Поткуп“ за време на судењето. Одбраната побара сега да бидат тргнати од доказите и врз нив да не се носи пресуда. Обвинителката во завршниот збор не ги спомена, но за сведокот Николов, рече дека и покрај тоа што ги менувал изјавите пред истржаите органи, останал конзистентен во ставот дека Заев му барал Поткуп.

Преквалификацијата премиерот Заев ја коментираше како чекор на обвинителстовто за да ја сочува честа. Тоа што обивнителството до крај се бара да биде прогласен за виновен Заев смета дека е со цел  да не се потврди срамот на претходното обвинителство кое го спроведувло предметот портив него, а за кој вели се докажа дека е монтиран. Верува дека ќе ја дочека правдата и најави дека ќе ја почитува одлуката на судот каква и да биде. За обвинителите што го гонеа, неговите адвокати веќе поднесоа кривични пријави и очекува дека правосудните инстанци ќе ги процесуираат.

Пресудата во понеделник ќе ја соопшти сам судијата Дарко Тодоровски. Поради прецизирањето и прекфалификацијата на делото во поблаго, тој објасни дека треба да постпаува како судија – поединец, а на судијката Добрил Кацарска и поротниците кои досега беа дел од Судскиот совет им се заблагодари за досегашната работа.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ