Обвинителот Бурим Рустеми утре на распит, Катица Канева чека покана

По, Елизабета Јосифовска, Лиле Стефанова, Обвинителство за организиран криминал утре продолжува со испрашување на обвинителот Бурим Рустеми од СЈО. Иако списокот на повикани обвинители кои треба да даваат одговори поврзани со милионот во скапата чанта кој заврши од рацете на бизнисменот Орче Камчев кај Боки 13 и Зоран Кичеец се намалува, специјалната обвинителка Катица Јанева и денеска не добила покана да одговара на прашања потврдуваат од СЈО.

Шефицата Вилма Русковска од денеска, по годишниот одмор го засили тимот во организиран криминал, но ниту таа ниту јавниот обвинител Љубомир Јовевски окриваат дали и во која насока ќе се продлабочува предметот „Рекет“. Засега е познато дека обвинителствто истрагата ја води во насока дали Јанева и обвинителите вмешале прсти во ветувањата на Боки 13 кон Камчев, дека ќе влијае во негова корист во предметот „Империја“ на СЈО за перење пере.

Јавноста деталите ги доби од преку Јадранот во италијанскиот медиум „Ла верита“ во кои се појавија аудио и видео снимки во кои покрај Камчев и Боки 13, кусо одговара и Јанева а се спомнува и името на обвинителката надлежна за предметот „Империја“ , Лиле Стефанова кој вчера мина 5 часа на распит кај поранешените колеги во организиран криминал.

Заедничко на Стефанова и Бурим Рустеми кој утре ќе оди на распит е тоа што во април годинава по барањето на шефицата Јанева да изготват писмен извештај за штетата кон државата на осомничените во „Империја“ и „Поштенска банка“ тие двајца ги навеле и затворските казни, бидејќи состанокот бил во насока предметите да бидат затворени, а осомничените да не одат во затвор, ќе објасни во писмо за јавноста Стефанова. 

Додека организиран гради случај, раменици креваат во финансиската полиција која треба да помогне во разоткривање на патот на парите на Камчев кој му ги предаде на Боки 13 и Милевски. Премиерот кој потврди дека бизнисмени кај него се жалеле од „Рекет“ во најнвото интервју порача дека „одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сè да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви“, но без да каже дали мисли на бизнисменот во конкретниот случај кој со Јанева договарал да стане сведок, а во организиран за „Рекет“ не е осомничен, бидејќи го пријавил случајот.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ