Обвинетите во ТНТ побараа изземање на Катица Јанева

Изземање на Катица Јанева во предметот за уривањето на комплексот „Космос“ на СЈО „ТНТ“ побара обвиентиот поранешен градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски. Според, тврдењата на Трајковски, постои сомнеж дека случајот „Рекет“ и „ТНТ“ се поврзани, бидејќи оштетениот директор на градежната фирма Ардиан Амзоски за урнатиот „Космос“ во ТНТ на СЈО неколку месеци откако “специјалните“ го презеле предметот од јавното обвинителство во кој тој се гони за безправно градење се откажале од обвинението,  а тој на „Меѓународниот сојуз“ воден од Боки 13 неколку мессеци подоцна префрлил 233 илајди евра за изградба на дом за стари лица во скопски Карпош.

Договорот на фирмата од Струга „ДРИМ Билдинг“ до кој стаса и Телма открива дека Боки 13 не обезбдил локација за градба на дом, а управителот Амзовски си ги побарал назад парите, и тоа со казнени пенали во износ од 350 илјади евра. Трајковски и тимот бранители, барањето за изземање го доставиле до судот, советот на обвинители и основачот на СЈО, собранието. Судијата Огнен Ставрев денеска побара од Трајковски да седне, а судењето за ТНТ да продолжи додека судот на одлучи по барањето. Одговор стаса и од советот на обвинители кој се прогласија за ненадлежни, и нема да можат да ја изземат Катица Јанева туку барањето ќе го третираат како претставка. ТНТ на обвинетите Миле Јанакиевски, бегалецот од судот Никола Груевски и четворица вработени продолжи со сослушување сведоци кои стручно објаснува во полза на одбраната на Трајковси и Јанакиевски. Обвинителот од СЈО Бурим Рустеми немаше коментар за барањето за изземање на неговата шефица, но затоа тој го премести распитот кај колегите во организиран криминал каде што деновиве обвинителките Лиле Стефанова и Елизабета Јосифовска со часови дава одгвори за поврзаноста на СЈО и КАтица Јанева со случајот „Рекет“ во кој Боки 13 и Зоки Кичеец однесоа од домот на бизнисменот Орче Камчев еден милион евра под сомнеж за поткуп и влијание во предмет во кој e под сомнеж за перење пари.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ