Две обвиненија за убиството на Саздовски

Му побарале лична карта, по што неочекувано почнале да му удираат боксови по главата и градите. Ова го пишува во обвинението против Скендер Д. и Бесир Б. кое обвинителството денеска го поднесе против двајцата обвинети за убиство на свиреп начин на Никола Саздовски – Саздо.

 

За нив побара и продолжување на притворот додека за третиот осомничен Јетон Љужа кој е во бегство ја стопира истрагата, се додека полицијата не го пронајде. Обвинителството уште пишува дека кога Саздо паднал на тротоарот обвинетите без милост и со силни удари продолжиле да го клоцаат по главата. Настанот се случи на 3 јули, а се до 9 -ти кога почина младото момче беше во кома. Првично тројцата беа гонети за насилство што предизвика масовни протести организирани од навивачката група Комити. По смртта обвинителството го преквалификува делото во убиство. За сега нема детали за мотивите и покрај шпекулациите дека се работи за мерење на силите меѓу две навивачки групи на скопските улици.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ