ОБСЕ бара СЈО да продолжи да работи

По, 18 обвиненија во судска постапка, 5 пресуди и 19 осудени лица, двегодишниот извештај на мисијата на ОБСЕ, за работата на специјалното јавно обивнителство шефот Клеменс Која ќе го заокружи со една реченица. Неговата препорка не се однесува до тимот обвинители , ниту на обвинетите и судиите туку до политичарите во земјата. Која бара да се овозможи СЈО да продолжи непречено да работи и изрази загриженост во врска законот за специјалното јавно обвинителство, што е предмет на разговори меѓу владејачките партии и опозицијата.

Треба да се осврнеме на неизвесноста на СЈО. Згрижени сме за нацртот на законот за СЈО. Згрижени сме за рокот за СЈО, бидејќи мандот наскоро ќе заврши, а СЈО треба да продолжи да работи, рече Клеменс Која Шеф на мисијата на ОБСЕ во Македонија.

Но, ОБСЕ не застанува тука. На 63 страници во четири поглавја детално ќе ги објасни пропустите на работата на кривичниот суд, СЈО и законите. Бараат измени во законот за извршување санкции, бидејќи осуденикот Никола Груевски избегал заради предолгиот рок од правосилната пресуда и моментот на лишување од слобода.

Така што кога апелацискиот суд потврдува правосилна одлука, одлуката мроа да се врати до основниот суд кој што понатаму изготвува потврда за извршување на казната кја судија за извршување на санкции. Но, тука законот не предвидува временска рамка, вели Марија Лаура Фериоли Офицер за владеење на правото , мисија на ОБСЕ во Македонија.

Од високи 57 % одложени рочишта во 2017 –та , до 28 проценти во 2018-та е пофалбата за работата на кривичниот суд, но и препорака повниматлени и ригорозно да ги разгледува барањата за отсуство на обвинети кои не се во притвор. ОД ОБСЕ прашуваат зошто обвинителстовто не и дозволило на одбраната да ги добие „бомбите“ докази во предметите, Јанева со одговор.

Атомосферата на прескоференцијата се подгреа откако адвоактите на обвинетите први добија можност да прашуваат.

Новинарите, пак, не добија одговори на прашањата, до каде е истрагата со случајот „Империја“, и во која насока одат преговорите за иднината на СЈО.

Во целиот овој период од 3,5 години СЈОсе обидува да остане во рамките на мандатот што му е даден, а со тоа да му овозможи на судот доволно докази за да донесе соодветни пресуди, а повеќото во 2019-та, посочи Јанева. И на крај, коктелот на мисијата на ОБСЕ ги собра на иста маса новинарите, обвинителите, и адвоактите.

Павле Беловски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ