Обележјето кај Карпалак повторно мета на вандали

Остранета спомен плочката кај Карпалак поставена во спомен  на десетте загинати бранители од воениот конфликт. Обележјето е постојано на мета на вандали. Од Одборот на бранители го осудија ваквиот чин. Најавија дека веќе се подготвува нова спомен плоча која ќе биде повторно поставена.

Од Одборот на бранители, велат дека во Македонија нема достојно спомне обележје за загинатите од воениот конфликт во 2001 година.

Кај Карпалак во заседа загинаа  десет прилепски бранители  8 војници и двајца офицери сите од резервниот состав на армијата.

Зоран Димовски

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ