Нурмагомедов го победи Мекгрегор па направи хаос (ВИДЕО)

Хабиб Нурмагомедов останува со перфектен рекорд во УФЦ од 27 победи, откако на 229-тото издание утринава го совлада Конор Мекгрегор на боречкиот спектакл во Лас Вегас.

Ирецот се предаде во четвртата рунда по зафатотот на Русинот и го претрпе четвртиот пораз во кариерата.

Нурмагомедов откако стана светски првак во лесна категорија направи голем иницидент откако се прекачи од кафезот и тргна да се тепа со тренерот на Мекгрегор, кој му дофрлулвал со погрдни зборови покрај рингот. Хаосот го искористија и двајца тренери на Русинот, кои влегоа во рингот и го нападнаа Мекгрегор за да расчистат некои стари сметки од пред неколку месеци.

Претседателот на УФЦ, Дејна Вајт соопшти дека тројца од тимот на Хабиб Нурмагомедов завршиле во притвор поради инцидентот во рингот. Рускиот борец се извини за своето однесување на официјалната прес-конференција. Мекгрегор не се појави пред новинарите по поразот, но се огласи на социјалните мрежи и најави кам-бек во рингот многу брзо.

Медиумите веќе почнаа да шпекулираат дека Мекгрегор ќе бара реванш против Хабиб.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ