Њу Орлеанс со најмногу среќа во лотаријата

Во лотаријата за годинешниот драфт право прв да избира доби тимот на Њу Орлеанс.
Њу Орлеанс имаше најмногу среќа во лотаријата и го добија правото први да бираат на драфтот што ќе се одржи на 20 јуни во Бруклин.

Њу Орлеанс во лотаријата влезе со само шест проценти шанса да биде прв, а најголеми губитници се Њујорк, Кливленд и Феникс кои во завршницата од сезоната намерно бележа порази само за да имаат поголеми шанси за првото место.

Право на вториот избор доби Мемфис, трет е Лос Анџелес Лејкерс, а четвртото место е Њујорк.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ