Ново рочиште за „Траекторија“

Со читање на смс пораки продолжи судењето за „Траекторија” во кој обвинети се неколку поранешни функционери дека ги пречекориле овластувањата при изборот на компанија за изградбата на автопатските делници до Штип и Охрид.

Обвинителката од СЈО Лиле Стефанова го предочува доказниот материјал- 103 смс пораки кои си ги размениле Миле Јанакиески и некогашниот министер Ставрески.

Во „Траекторија“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски, ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот директор на ЈП државни патишта Љупчо Георгиевски.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ