Ново ад хок зголемување на минималната плата може скапо да ја чини земјата

Меѓународниот монетарен фонд предупредува дека ново зголемување на минималната плата во земјава, како законска обврска, може да влијае на зголемување на невработеноста кај младите. Се наведува дека земјава може да плати висока цена од натамошно ад хок зголемување, па се сугерира на внимателност, особено во услови на голем процент на сива економија, која на ваков начин може додатно да се поттикне.

И покрај неодамнешното поволно влијание врз минималната заработувачка, минималниот просек на платите во Македонија е на критичен праг, над кој натамошните зголемувања може да донесат негативни ефекти врз вработувањето на младите и неквалификуваните работници.

Според студија на ММФ во повеќе земји, дополнително зголемување од 10 проценти на мининална плата се одразува со намалување на вработеноста кај младите од два проценти, а тоа, велат, би било скап исход за земја која се бори со 48 отсто невработеност кај младите. Справувањето со нееднаквоста бара напори за политики кои одат многу подалеку од минималната плата, па властите на сегашната минимална плата, треба да се фокусираат на комплементарни мерки, како подобро насочување на социјалните трошоци, попрогресивен даночен систем и посеопфатно оданочување на капиталот и богатството, сметаат од ММФ.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ