Нови амбасадори – советникот на Заев, Дане Талески во НАТО

Додека трае ратификацијата за членство во НАТО на државата, надлежните веќе го избраа првиот амбасадор на Северна Македонија во алијансата. Тоа ќе биде советникот на премиерот Заев, Дане Талески, тврдат за Телма доброинформирани избори. Македонија нема амбасадор во НАТО повеќе од година и половина, а најавите се дека до самитот во декември, државата ќе има свој дипломатски претставник на највисоко ниво во седиштето на Алијансата. Името на Талески како пратеничко прашање до премиерот го кажа опозицискиот претседател на собраниската комисија за надворешни работи, но во друштво со уште три други.

Две ви се точни за две не се дискутирало, му одговори премиерот и рече дека крајниот збор ќе го каже министерот за надворешни и претседателот на државата. Мора да се пополнат празните амбасадорски позиции, рече Заев.

Но на Милошоски, токму тоа му е спорно, бидејќи владата на Заев и министерот Димитров тврделе дека амбасадори не се поставуваат пред избори особено од политички редови.

Од МНР за Телма соопштија дека во тек се консултации со шефот на државата за утврдување на кандидатите за мабасадори. Во моментот од вкупно 57 амбасади и дипломатски мисии низ Светот речиси половина односно 26 немаат назначени амбасадори. Нема амбасадор во Америка, во 4 соседни земји, но и во Русија, Холандија, Италија и многу други.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ