Новак го спаси Вардар од пораз, Шкендија го прегази Пелистер

Екипата на Вардар ремизираше со Шкупи на Националната Арена „Филип Втори“ во рамки на 27. коло од Првата лига.

Голот вреден бод за „црвено-црните“ го постигна Евгениј Новак, од блиску, со глава, по центар-шутот на Тигран Барсегјан од левата страна во 93. минута од натпреварот.

Пред тоа Омар Имери го совлада домашниот голман Алексовски со глава во 33-тата минута по асистенција на Адем.

Шкендија, пак, денеска го совлада Пелистер со 6:0 на гостувањето во Битола. Тимот од Тетово кој има 20 бода повеќе од второпласираниот Вардар на девет кола до крајот ќе мора да почека на шампионското славење барем до следниот викенд, откако по денешните резултати, во игра се уште 27 поени за освојување.

Резултати 27. коло:

Силекс – Академија Пандев 0:0

Вардар – Шкупи 1:1

Пелистер – Шкендија 0:6

Ренова – Победа 2:1

ФК Скопје – Работнички 0:1

Табела:

  1. Шкендија 69 бодови
  2. Вардар 49
  3. ФК Силекс 41
  4. Работнички 35
  5. Академија Пандев 32
  6. Ренова 31
  7. Шкупи 30
  8. Победа 25
  9. Пелистер 24
  10. ФК Скопје 24
Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ