Норвешка лесно преку Унгарија до 4 бодови

По Словенија претходно денеска и Норвешка стигна до 4-те бода во втората група. Во вториот меч во Малме Арената Норвешка лесно ја совлада Унгарија славејќи со 36:29. Норвешка пристигна во Малме Арената со перфектен рекорд а задржувањето на 100 процентниот учинок Норвежаните го најавија уште на стартот на мечот, стигнувајќи до максимални 10 голови предност уште во 20-та минута. Унгарија немаше никакви шанси во овој едностран меч и со 8 голови предност на полувремето дестинацијата на двата бода веќе беше одлучена.

И покрај импресивниот настап на целокупниот тим на Норвешка, Санден Сагосен отскокнуваше со 7 голови и 9 асистенции.

Во второто полувреме Унгарците благодарение на неколкуте одбрани на Жекели успеаа да ја намалат предноста на само 4 голови, што беше доволна причина Норвежаните повторно да притиснат и да покажат колку се само зрели за висок пласман на EHF EURO 2020.

Во претходниот меч од втората група Словенија го совлада Исланд со резултат 30:27.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ