Норвешка ја декласираше Холандија, неизвесна борба за полуфинале

Денеска се комплетираше второто коло од втората група во главната фаза на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција.

По денешните резултати борбата за двете први места кои водат во полуфиналето стана понеизвесна, но Романија и Холандија и натаму остануваат најсериозните кандидати за влез во решавачката битка за медали која ќе можете да ја следите низ директни преноси на Телма.

Романија во првиот меч од денешната програма ја совлада Шпанија со 27:25. Шпанските репрезентативки одлично го отворија мечот и на половина од првото полувреме имаа предност од пет гола. Како одминуваше времето Романките ја намалуваа разликата и на полувреме заминаа со негатива од два гола.

Шпанија водеше се до 45-тата минута, ја одржуваше предноста од еден до два гола, а потоа следуваше серија на Романија од 3:0 за преземање на водството кое го задржа до крајот на мечот за конечен триумф од 27:25.

Најефикасна во победничкиот тим со седум гола беше Кристина Неагу додека на спротивната страна Миреја Гонзалез постигна шест.

Се уште актуелниот европски првак Норвешка конечно одигра во свој стил и буквално ја демолираше Холандија совладувајќи ја со 29:16. Норвежанките доминираа во текот на целиот меч, а на половина од второто полувреме стигнаа и до двоцифрена предност која ја одржуваа до крајот за триумф од тринаесет гола разлика.

Марит Јакобсен постигна пет гола, а по четири пати прецизни беа Ела Реистад, Стине Офтедал и Малин Ауне. Во редовите на Холандија прв стрелец со четири погодоци беше Еставана Полман.

Мечевите од последното коло се играат утре.

 

РАКОМЕТ ЕП ЖЕНИ / ГЛАВНА РУНДА

  1. КОЛО

РОМАНИЈА – ШПАНИЈА                                               27:25

НОРВЕШКА – ХОЛАНДИЈА                          29:16

 

ТАБЕЛА

1. РОМАНИЈА 4 3 0 1 111:101 6
2. ХОЛАНДИЈА 4 3 0 1 101:105 6
3. НОРВЕШКА 4 2 0 2 122:105 4
4. ГЕРМАНИЈА 4 2 0 2 111:110 4
5. УНГАРИЈА 4 2 0 2 108:117 4
6. ШПАНИЈА 4 0 0 4 101:116 0

 

СЛЕДНО КОЛО 12.12.2012

ШПАНИЈА – НОРВЕШКА                               15:45 часот

УНГАРИЈА – РОМАНИЈА                               18:00 часот

ХОЛАНДИЈА – ГЕРМАНИЈА         21:00 часот

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ