Нормализиран железничкиот сообраќај на Коридорот 10 

Железничкиот сообраќај на Коридорот 10 на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки е нормализиран, информираат од ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија.

-Екипите на ЈП за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија по остранувањето на вагоните беа максимално мобилизирани и работеа до утринските часови со што во целост ја санираа пругата и ја оспособија за нормално одвивање на железничкиот сообраќај, се вели во соопштението од ова јавно претпријатие.

Оттаму додаваат дека со ова е овозможено непречено одвивање на железничкиот сообраќај на Коридорот 10, односно на релација Скопје – Куманово (Табановци) во двете насоки.

Железничкиот сообраќај на оваа делница беше во прекин поради несреќа што се случи изутрината околу 2 часот на 3-ти јули, кога товарниот воз се излизга од шините. Немаше повредени лица, а причинета беше материјална штета.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ