Номинации за Оскар в понеделник на Телма

В понеделник, 13-ти јануари во 14:15, ТВ Телма ќе го пренесува во живо од Лос Анџелес објавувањето на номинациите за филмските награди Оскар.

Американската Академија на филмска уметност и наука ќе ги објави номинираните во 24 категории. Македонскиот документарец „Медена земја“ влезе во потесен избор во две категории: документарен филм и странски филм.

Во трката за Оскар беа пријавени 344 играни филмови.

Од четврток, 16-ти јануари во 22:15 започнува циклусот емисии „Патот на Оскарите“ кои ги уредува Миланка Рашиќ.

ТВ Телма ексклузивно ќе го емитува 92-то доделување на Оскарите в недела, 9-ти февруари 2020. Најгламурозната церемонија на доделување награди во светот ќе се одржи во театарот Долби во Центарот Холивуд и Хајланд, а ќе ја пренесуваат преку 225 држави во светот.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ