Нишани: Состојбата во Албанија е критична, можни се опасни судири

Нерамнотежата меѓу владејачките институциите во Албанија, ја доведоа државата до голема институционална, политичка и економска криза, каква што никогаш досега немало и секое потценување на одговорноста може да доведе до опасни ситуации, вели поранешниот претседател на Албанија, Бујар Нишани во интервју за „косова прес“. За Нишани е страшно што организираниот криминал и корупцијата станаа дел од политиката на земјата, поради што е блокирана европската интеграција на Албанија, а виновник за оваа состојба, според Нишани, е актуелниот премиер Еди Рама. Денеска Албанија е уназадена држава, вели Нишани, каде актуелната политичка класа го загрозува слободното движење на народот.

– За да се надмине оваа ситуација создадена во албанската држава, треба да ја сфатиме сериозно. Ситуацијата во нашата земја е исклучително критична, а дополнителната негрижа може да предизвика големи судири, смета Нишани.

Бујар Нишани беше претседател на Албанија во периодот од 2012 до 2017 година. За време на мандатот се фокусираше на ЕУ интеграцијата на државата, на предизвиците како миграцијата, борбата против радикализацијата, но и климатските промени.

Во меѓувреме, се разгорува политичката криза во земјата. Опозицијата најави нови протести на 21 јуни, и бојкот на локалните избори, а премиерот Еди Рама ја продлжува изборната кампања.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Вести

„Медена земја“ од четврток ќе се прикажува во Прилеп Наградуваниот макеонски документарен филм „Медена земја“...