Никола Саздовски почина на Карил, двајца напаѓачи во притвор, обвинителството ќе одлучува за што ќе ги гони

По, 10 дена борба за живот на клиниката за реанимација, 21 годишниот Никола Саздовски утринава почина. Немал повеќе кислород во мозокот откако беше смртно повреден на авотбуска постојка во населбата Aвтокоманда. Тројца негови врсници од скопски Чаир го нападнале физички и избегале. Јавноста дозна од неговите пријатели на социјалните мрежи, а полицијата утредента и покрај сериознсота на повредите, поднесе кривична пријава за насилство до обвинителството, со која не можеше да се препозне сериозноста на нападот. Денеска полицијата се бранеше дека случајот го решила за три дена.

Во полицискиот билтен, прво осамна веста за нападот и поднесената кривична пријава „За Насилство“, по неколку дена и информацијата дека две момчиња добиле притвор, а едно во бегство. И покрај објавата на МВР дека случајот е расчитен допрва почнува разврската на случајот, соопшти Јавното обвинителство за Телма.

„Надлежен јавен обвинител денеска донесе Наредба за вршење на обдукција на починатото лице. Основното јавно обвинителство Скопје по прибирање на релевантниот доказен материјал, негово проучување и анализа ќе донесе јавно обвинителска одлука во која ќе утврди и правна квалификација на стореното дело“, велат од ОЈО.

Ако Саздовски се опоравеше од повредите неговите напаѓачи се соочуваа со казна затвор до 10 години, сега барањата на социјланите мрежи кои ја поделија јавноста е напаѓачите на Саздовски да се гонат за убиство. Зад него застана навивачката група Комити чијшто член бил и тој, но и партијата ВМРО-ДПМНЕ, барајќи одговори дали полицијата реагирала навремено, а обвинителството правилно ги гони напаѓачите.

За Телма од истрагата потврдуваат дека Саздовски тоа попладне бил со неговата девојка во Автокоманда. Од возило Мерцедес излегле три момчиња на возраст од 19 до 21 година и го нападнале физички. Не користеле шипки, и дрвени палки, ниту го избоделе со нож. Сега, главните аргументи на обвнителеот пред судот кои на двајцата приведени им одреди притвор е сомнежот дека тие со намера тргнале со возилото од улицата Дижонска во Чаир. Саздовски живеел во Кисела Вода. Додека се чека обвинителството да каже за што ќе ги гони напаѓачите, а МВР го пронајде третиот, овој напад остава сомнеж дека две спротиставни навивачки групи си ги одмеруваат силите на скопските улици.

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Македонија

Средба Заев – Пенс: Честитки за одговорната одлука за договор со Грција, догодина заедно ќе го прославиме членството во НАТО

Охрабрувачки пораки за одговорноста и одлучноста при постигнувањето на договорот со Грција упати Потпретседателот на...