Независниот синдикат во образование и наука обвинува за кршење на работничките права

Независниот синдикат на образование и наука на прес конференција обвини за непочитување на работничките права на просветните работници. Тие во барањата упатени до повеќе институции бараат решавање на повеќе проблеми со кои се соочуваат оние работници кои не се членови на репрезентативниот синдикат СОНК. Во дел од барањата тие бараат ревизија на колективниот договор со кој, како што велат се штитат правата само на членовите на СОНК, а не и на оние кои не се членови на овој синдикат. Реагираат и на ситуацијата во која на нивни колеги кои не се членови на СОНК им се намалени деновите од годишниот одмор, а на други не им се почитува волјата да истапат од синдикатот.

Министерот за образование и наука Арбер Адеми вели дека досега имал средби со претставници на незавиосниот синдикат, а средба имало и пред потпишувањето на колективниот договор. Тој ги отфрла обвинувањата за дискриминација за која Независниот синдикат вели дека произлегува од сегашниот колективен договор.

Од министерството за труд и социјала го демантираат Независниот синдикат и велат дека имале средба со претставници на овој синдикат пред летните одмори и дека за случајот има постапено и државниот инспекторат за труд, а одржана била и средба со претставници на министерството за образование и од државниот инспекторат.

На средбата МТСП му укажа на Министерството за образование како ресорно министерство кое го има потпишано колективноиот договор да достави известување до училиштата за примена на колективниот договор. Исто така, Државниот инспекторат за труд има донесено решение со укажување да се постопи по наводите од синдикатот.

Од независниот синдикат велат дека доколку не се реши настаната ситуација ќе ги известат европските организации за заштита на работничките права.

Јордан Дуков

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ