Неопходен е интегративен пристап во заштитата на културното наследство

Заштитата на културното наследство во просторното и урбанистичкото планирање бара да бидат вклучени повеќе институции. Голем број релевантни истражувачки проекти и напорот на стручни тимови кои работеле на нив за жал малкумина го валоризираат во урбанистичкото планирање, смета Тричковска.

Особено за подрачја кои од праксата покажале дека се деликатни и не вродуваат многу плод. Затоа што не постои меѓусекторска соработка на завидно ниво, а и онака има проблем во самите сектори. Оттаму сметаме тие проблеми треба да се решаваат на ниво на Министерство за култура и на другите надлежни институции,  управата за заштита на културното наследство и службите за заштита, вели Јулија Тричковска, член на ИКОМОС Македонија.

Без носење на Национална стратегија за заштита на културното наследство е невозможно носењето на Закон за заштита на културно наследство на кој исто така се чека. Во фаза на изготвување се неколку законски проекти и загрижувачки е колку бавно се одвива тоа, вели Шуманов.

Според мене, а и според други колеги нелогично е донесување на Закон за заштита на културно наследство, а претходно да немаме Национална стратегија за заштита на културното наследство. Тој чекор како да е прескокнат  барем за нас, за мене. Прво треба да се донесе Националната стратегија, а потоа да се донесат измените на новиот закон или нов закон, оценува претседателот на ИКОМОС, д-р Лазар Шуманов.

Вклучувањето на недвижното културно наследство во урбанистичкото планирање подразбира поголеми конзерваторски интервенции на истото во неурбанизирани средини и комплементарни истражувања на надлежните служби, заклучуваат учесниците на денешната трибина за планирање на просторот со културно наследство.

Нина Стефанова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ