Нема парична награда за наградените математичари на КЕНГУР

Како што дознаваме, се работи за неколку стотини ученици од Охрид, но и од целата држава, што според родителите, кои заради заштита на своите малолетни деца засега се воздржуваат од јавни изјави, е главна причина за ваквата одлука на судот. Тие сметаат дека правосудниот систем наместо децата ја штити државата, бидејќи сумата која таа треба да исплати надминува повеќе стотини илјади евра.

Туженото МОН за случајот вината ја фрла на организаторот на натреварот, Сојузот на математичарите на Македонија, бидејќи не бил акредитиран за организирање на  меѓународен натпревар Кенгур, што е услов за исплата на ветената парична награда, како и дека не станува збор за натпревар туку за игра.

  • Оваа игра е со цел да привлече максимален број на ученици без при  тоа да има каква било национална селекција на учесниците. Министерството за образование и наука ги извести сите кои имаа поднесено барање за исплата на парична награда за прво место на Кенгур дека не се исполнети условите за доделување на парична награда, велат од МОН.

Но, зошто МОН ветило исплата на парични средства за што родителите на наградените ученици беа задолжени да отвораат трансакциски сметки во банките, во писмениот одговор кој го добивме оттаму ниту збор. Од СММ, пак, не чувствуваат одговорност за настаната ситуација поврзана со натпреварот КЕНГУР, бидејќи конкурсот за финансиска награда која изнесуваше околу 7000 денари по ученик за освоено 1,2 или 3 место, го распишало МОН.

  • Што се однесува до делот финансиска награда, СММ нема пропишано Јавен оглас за доделување на такви средства. Правилото е дека кој распишал конкурс тој мора и да додели средства или награди по било кој основ. Во оваа ситуација, тој што се тужен е надлежен да одговорат на своите обврски, доколку за тоа имаат можност. Грешки се секогаш можни па и во овој случај, додаваат од МОН.

Родителите на учениците кои останаа без ветената финансиска награда од државата од кои таа сега побарува судски трошоци, најавија дека случајот ќе го тераат до крај и дека правдата ќе ја бараат пред Меѓународниот суд во Стразбур.

 

Горан Момироски

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ