Нема нови заразени од коронавирус, идентификувани сите лица кои биле во контакт со сопатниците на заразената скопјанка

Нема нови случаи на заразени со коронавирус во последното денонокие. Скопјанката која вчеравечер самата се пријави на Клиниката за инфектологија, а чии привични резултати беа парцијално позитивни, сепак не е заразена со коронавирус, информираа од министерството за здравство и додадоа дека тестовите кај уште едно лице, возач на камион, кој дошол во клиниката биле негативни.

Министерот за здравство Венко Филипче соопшти дека во текот на ноќата се контактирани и идентификувани сите лица кои стапиле во контакт со сопатниците на скопјанката позитивна на корона вирусот. Тимови на епидемиолози во асистенциа со полицијата биле во нивните домови и ги анкетирале. Филипче вели дека нема место за паника бидејќи конатките биле лимитирани ви во кругот на семејствата. Тој соопшти дека новите идентификувани исто така ќе бидат во домашна изолација.

Филипче додаде дека во зависност од проценките на МВР, лицата кои се во домашна изолација може да бидат префрлени во клиничка изолација.

Скопскиот градоначалник пак соопшти дека им наложил на директорите на средните училишта да ги стават во употреба сите количини на антибактериски сапуни кои веќе се доставени и да ги откажат сите закажани и планирани екскурзии во Италија или државите каде се регистрирани случаи на корона вирусот.

Владата пак апелира до граѓаните кои допатувале од регионите зафатени со корона вирусот задолжително да се јават на центрите за јавно здравје

Влада на РСМ:

„ Сите вработени во државните и локалните институции и претпријатија, вработените во основно, средно и високо образование, како и сите ученици и студенти дека доколку во последните 2 недели патувале или живеат со некој кој патувал во следниве земји/региони: регионите Ломбардија, Венето, Емилија Ромања, Пиемонт во Италија, како и Народна Република Кина, Хонг Конг, Иран, Јапонија, Маку, Филипини, Република Кореа, Сингапур, Тајван, потребно е да не доаѓаат на работа, на училиште или на факултет и да ја информираат институцијата, претпријатието и образовната институција и веднаш да се јават на телефоните за контакт во центрите за јавно здравје“

Состојбата на скопјанката кај која е потврден корона вирусот е стабилна, има лесна клиничка слика и нема никакви компликации. Таа се наоѓа во одделот за изолација на инфективната клиника и е под посебен здравствен и безбедносен режим.

Огнен Чанчаревиќ

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ