Неколку сопственици на бутици во Тетово се ослободени од закупнинa

Неколку сопственици на бутици во Тетово се ослободени од закупнина на објектите од страна на лицата кои ги поседуваат. Во овој период не работат, а потрошиле и парични средства за набавка на пролетна гардероба, така што ваквиот хуман гест е големо олеснување за нив.

Професорот по економија од Универзитетот на Југоисточна Европа, Гадаф Реџепи, вели дека токму микро фирмите се најпогодени од оваа криза. Според него субвенциите би биле од голема помош за нив.

Според Реџепи во следниот период најпогоден сектор ќе биде градежништвото, а секако и туризмот каде и има надворешни влијанија.

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ