„НЕКОЈ БИЛ ТУКА “ ОД НИКОЛИНА АНДОВА- ШОПОВА РОМАН НА ГОДИНАТА ЗА 2018

„Некој бил тука“ од Николина Андова- Шопова, во издание на Темплум е избран за  „Роман на годината“  за 2018, вака одлучи жири-комисијата за доделување на наградата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева. Во најтесниот избор за оваа награда беа и романите „Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“) и „Маџун“ од Влада Урошевиќ („Магор“)

Свеченото врачување на наградата се предвидува за 10 април, во просториите на Културно-информативниот центар во Скопје. Наградата „Роман на годината“ се состои од плакета, статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Наградата „Роман на годината“ годинава се доделува по 20-ти пат. Неа ја доделува Фондацијата „Славко Јаневски“ во партнерство со Град Скопје и Културно-информативниот Центар од Скопје и со финансиска поддршка на Министерството за култура. Генерален спонзор на наградата е „Комерцијална банка“ АД.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ

Култура

Сликарот Мице Јанкуловски  доби „ Лоренцо Ил Мањифико“, за животно дело од Меѓународното биенале  на современа уметност во Фиренца

Мултимедијалниот уметник и директор на Галеријата Остен,  Мице Јанкуловски, е добитник на наградата „Лоренцо Ил...