Неизвесна судбината на СЈО

Членовите на работните групи за новиот закон за Јавно обвинителство си го продолжија одморот и наместо како што најавија да се сретнат денеска тие се договориле да седнат на заедничка маса идната недела.

Деновите за договор се одброени и незивесно дали ќе има компромис до 27 август кога на дневен ред на собраниска седница ќе се најде владиното законско решение.

ВМРО ДПМНЕ не прифаќа на чело на оваа институција да биде обвинителката Рускоска. Инсистираат да биде прифатен нивниот предлог закон кој бил подготвен согласно стандардите на Советот на Европа.

Новото обвинителство не би смеело да стане засолниште за обвинители рекетари, ниту за нивните сорабоници. А по однос на госпоѓата Рускоска, самиот мега скандал ,, Рекет,, покажува дека наместо како обвинител, таа засега повеќе постапува како адвокат на главните рекетари од СЈО и Владата на кои им овозможува екстра време за форматирање на телефони, прикривање на докази и влијание на сведоци – тврди Антонио Милошоски.

СДСМ очекува тешки преговори. Аферата ,,Рекет,, дополнително ќе ја подгрее целата ситуација , но постои мала доза на оптимизам дека ќе се успее во ноесњето на законот. Министерството за правда очекува подршка од сите пратеници.

Донесувањето на Законот за Јавно обвинителство ги содржи европските принципи за неселективна борба против криминалот и корупцијата треба да биде интерес на сите политички партии кои ги подржуваат нашите европски аспирации.

Универзитетскиот професор Гордан Калајџиев го оценува како крајно несериозно и неодговорно однесувањето на работните групи.

За усвојување на законот неопходно е да се обезбеди подршка од 80 пратеници, која во моментов ја нема.

Со него се предлага СЈО да се спои со постоечкото обвинителство за гонење на организиран криминал а сите обвинители да продолжат да работат во него, за што не се согласува најголемата опозициска партија.

Јулијана Пешевска


Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ