Не се казнуваат дискриминаторите во земјава – надлежните одлучуваат селективно и под политички притисок

Во Македонија се уште се дискриминира на различни основи. Надлежните не казнуваат – за осум години ниту еднаш не повеле постапка по службена должност против дискриминатор. Овие факти ги пишува во извештајот на невладините организации, кои ги анализирале пријавените случаи на дискриминација од 2011 до 2018.

Од Хелсиншкиот комитет за човекови права ја искритикуваа надлежната – Комисија за заштита од дискриминација дека тие дозволуваат дискриминаторите да поминат неказнето.

Поранешниот претседател на Комисијата, Душко Миновски на тоа одговори дека не е лесно да се оцени дали има дискриминација. Тој сепак призна дека дел од членовите на Комисијата трпат политички притисоци за да ценат дека некој не дискриминирал.

На веб-страницата на Комисијата секој може да испрати меил и да се пожали дека е дискриминиран. Сепак, последната информација таму е објавена во 2018 година. Ако некој сака да се запознае повеќе со Законот за спречување и заштита од дискриминација – ниту за тоа нема да најде соодветни информации.

Петар Догов

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ