Не работи томографот во штипската Клиничка болница

Компјутерскиот томограф за пациентите од источна Македонија е надвор од функција. Овој апарат во штипската Клиничка болница се расипал, па сега пациентите прегледите мора да ги парават на томографите во Струмица или Скопје.

Директорот на штипската Клиничка болница Ален Ѓеорѓијев вели дека надвор од функција им е и апаратот за факометодата за лекување на очните болести.

Ѓеорѓијев смета дека со уникнувањето на Советот за јавни набавки сепак ќе им се реши досегашниот хаос со апаратите кои се расипани, а за кои мораа и по неколку месеци да чекаат да се сервисираат. Ваквите процедури беа на штетата и на пациентите и на болниците од кои се бара да дадат здравствени услуги.

Додека се чека на поправката на неколкуте апарати во штипската Клиничка болница, според директорот Ѓеорѓијев итните случаи не ги оставаат, туку ги транспортираат до оние болници, каде ќе ја добијат соодветната здравствена услуга.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ