Не помина иницијативата за ново гласање за Ќосето во општина Сопиште

Општина Сопиште останува отворена за споменикот на Андон Јанев Ќосето. Во напната атмосфера, со закани за тужби, барање за извинувања и меѓусебни обвинувања, не помина иницијативата за ново гласање за Ќосето на советникот од Алијанса за Албанците, Уркан Гафури, кој тврди дека минтиот пат гласал против, а резултатот не го отсликал распоредот на силите.

Еден по еден со јавно произнесување 5-мина советниците на СДСМ, ДПА и Алијанса гласаа да има прегласување, а 5-мина од ВМРО-ДПМНЕ беа против. Изедначениот резултат не беше доволен за да се гласа повторно за Ќосето со што остана на сила одлуката донесен пред две недели – да го побараат споменикот од здружението донатор.

По ова седницата револтирано ја напушти советникот од ДПА и најави бојкот на Советот. По него и советникот од алијнсата рече дека ја напушта денешната седница.

Од советничката група на сдсм велат не се против тоа да има споменик но некој со локално значење за општината, но велат „не“ за Косето во Сопиште.

Претседателот на Советот, Мицевски кој доаѓа од редовите на ВМРО-ДПМНЕ негира дека на минатата седница имало манипулации со гласовите и тврди дека 6-мина советници гласале „за“ Ќосето иако денеска поддршка доби само 5. Кој бил 6-тиот мистериозен гласач не можеше да каже бидејќи се гласало со кревање на рака, а не поединечно како денеска.

Сепак неизвесноста за тоа дали Ќосето ќе се издигне на кружниот тек во Сопиште останува поради судскиот спор мегу РЖ институт и здружението на Сетинци, Попадинци и Крушоради за долг од 600 илајди евра за лиење на 5 споменици.

Вчера заврши и уривањето на постаментот кај Врховниот суд. Споменикот е во хала во фабриката МЗТ.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ