Не им требаат повеќе „бомби“ на СЈО за да гонат носители на највисоки функции

СЈО си го скрати името само во Специјално јавно обвинителство, но си ги проширува надлежностите со новите предлог измени на Министерстовто за правда. Со членот за надлежноста можеше да истражува кривични дела кои произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите. Овој член останува, но се проширува на сите највисоки јавни функционери.

Кривични дела извршени од Претседателот на РМ, поставените амбасадори и други претставници на РМ во странство и именувани лица од Претседателот на РМ, избрани или именувани функционери во и од Собранието на РМ, во и од Владата на РМ, во судовите, јавното обвинителство, Судскиот совет на РМ, Советот на јавните обвинители на РМ, избраните градоначалници на единици на локалната самоуправа и Град Скопје, и одговорни лица во политички партии, се вели во предлог измените.

СЈО оди дотаму што ги наведува и областите на кривичнтие дела кои ќе бидат предмет на нивно гонење, безмалку сите тешки кривични дела, кои до сега беа и во домен на обвинителите во одделнието за организиран криминал. Иако долго најавуван, а во тишина изработен, законот според експертите се претвора во највиоско обвинителство за функционери.

Членот 22, со кој обвинителството можеше да поднесува обвиненија не подолго од 18 месеци од денот кога ги презема прислушуваните разговори си заминува од текстот. Она што останува е надоместокот за доверливост кој се задржува од претходниот текст, уште една старина која до сега ги брануваше судските служби, судиите, обвинителствата и нивнтие служби.

СЈО со законските измени си го решава и правниот вакум околу барањето за нивно изземање во постапките. Ако измените поминат во собранието Јавниот обвинител на Република Македонија ќе одлучува по барање за изземање на Специјалниот јавен обвинител и доколку го изземе од постапување по конкретен предмет определува конкретно јавно обвинителство кое ќе постапува по тој предмет. Специјалниот јавен обвинител ќе се менува на 5 години  по објавен оглас  ,а го избира Советот на јавни обвинители за време од пет години, од редот на избраните јавни обвинители со право на повторен избор, стои во новиот текст.

Павле Беловски

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ