Не го даваме теренот – протест во Аеродром

Не го даваме теренот – беше испишано на една од паролите на основците од Блаже Конески , кои денеска заедно со своите родители протестираа на училишното игралиште.

Општината сака да го сруши и на тоа место да се изгради градинка. Аеродромци не се противат на градење уште една детска градинка, но бараат од надлежните да не им  го земаат на децата единственото игралиште во овој реон на Аеродром.

За овој план на општинарите дознале откако виделе машини во дворот на школото.

Два часа градоначалникот Златко Марин разговараше со околу 200 граѓани на Скопски Аеродром.

Марин уверува дека најважен  е гласот на народот, ама  и дека не може да се промени Деталниот урбанистички план, кој го наследи од неговиот претходник Ивица Конески.

Градоначалникот најави повторна среда со граѓаните во наредните две недели. Жителите од Аеродром и Мичурин не веруваат дека надлежните ќе имаат слух за нивните барања кога и претходно никој не ги известил дека ќе дозволат во близина на училиштето да никне кафана.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ