Не е откриен изворот на Хепатит Ц на штипска ортопедија

Изворот на  Хепатит Ц од кој се заразени 13 поранешни пациенти на штипска Ортопедија не може да се открие и покрај низата на вонредни контроли и надзори од страна на Институтот за јавне здравје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, покажа извештајот, којшто го доби штипска Клиничка болница. Покрај сетот на мерки кои ги презеде болницата по појавата на овој вирус инспекторите и епидемиолозите им сугерирале на дополнителни, помали мерки.

Дополнителни анализи на 13 пациенти се прават и во лабароторијата на МАНУ, каде што точно треба да се утврди дали тие се носители на овој вирус и на кој тип. Веднаш по првите случаи од 1 септември се воведени скрининг тестови пред оперативните зафати. При што од направени анализи на над 100 пациенти откриено е дека осумина  жолтицата ја имале уште пред да дојдат во болницата, шестмина се со типот Б, а двајца со Ц.

Анализите покажаа дека ниту еден од лекарите и медицинските лица не е зазарен со овој вирус, исто така ниту еден од пациентите не е корисник на опојни дроги. Станува збор за хетерогена група, на средна возраст или повозорасни. Останува да се почекат и конечните резултати од МАНУ, по што ќе се знае како ќе се лечат пациентите.

Викторија Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ