НБА ПРИВРЕМЕНО ЈА ПРЕКИНА СЕЗОНАТА 2019-2020

После првите  позитивни тестови на НБА играчи,комесарот на лигата Адам Силвер најави лок-аут,кој стапи на сила денеска.Претходно,суспендиран беше мечот Јута-Оклахома,  откако центарот на Јута Џез, Руди Гоберт, беше позитивен  за коронавирусот, или КОВИД-19. Вториот играч на Џезерите , Донован Мичел, изјави во четвртокот дека исто така има позитивно тестирање.

 

Соопштение на НБА лигата

 

НБА привремено ја прекина сезоната 2019-2020 како одговор на пандемијата на коронавирус. Оваа одлука е донесена за да се заштити здравјето и благосостојбата на навивачите, играчите, персоналот во тимот и арената, членовите на медиумите и пошироката јавност. Лигата има намера да ја продолжи сезоната, во очекување на понатамошните случувања поврзани со пандемијата.

Во овој период на пауза, НБА ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата во координација со Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), експерти за заразни болести и експерти за јавно здравје, владини претставници и одбор на гувернери на НБА да се осигура дека правиме од наша страна да го поддржиме одговорот на ваквата ситуација која брзо се развива.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ